Ламин Јамал ја предводеше Шпанија до шампионската титула на Европското првенство, а беше прогласен и за најдобар млад играч на турнирот во Германија.
Неговата цена драстично се зголеми и покажа дека е еден од најталентираните фудбалери во светот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона знае дека има „бисер“ во тимот и ова лето одбила астрономски понуди за него, па сака што поскоро да го „блидира“ со нов договор.
Младиот фудбалер на Барселона моментално заработува 32.000 евра неделно, што значи дека има годишна плата од 1,7 милиони евра.
Спсоред информациите на „Марка“, кога ќе стане полнолетен, Јамал ќе стави потпис на нов договор до 2030 година со зачително повисока плата.