Најдобриот фудбалер на Барселона испрати порака до управата на клубот од „Камп Ноу“ со барање да го задржат играчот за врска Иван Рактиќ.
„Don Balon“ пренесува дека хрватскиот репрезентативец е цел на Јувентус и на некои англиски екипи, а местото во старниот состав на Барселона следната сезона би можело да му биде загрозено со доаѓањето на Бразилецот Артур.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ракитиќ оваа сезона одигра 46 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола, со толку асистенции и е еден од најстандардните играчи во каталонскиот состав.
30-годишниот Хрват во Барселона прситигна во 2014. година од Севиља, а претходно играше во Шалке и Базел. Со Каталонците освои две титули во Примера, три Купа на Кралевите и по една Лига на Шампиони, Супер Куп на Европа, Супер Куп на Шпанија и ФИФА Клупско првенство во светот.