Дома Фудбал Барса сака да го продаде, Гризман не помислува да си оди

Барса сака да го продаде, Гризман не помислува да си оди

Пред неколку дена каталонските медиуми пренесоа дека Барселона ќе го стави Антоан Гризман на трансфер листа ова лето.

Барселона наводно не е задоволна од неговиот придонес и сака со неговата продажба да ја наполни касата, но Французинот не размислува за заминување од „Камп Ноу“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напротов, Гризман во последната изјава откри кој број сака да го носи следната сезона.

„Би сакал во Барселона да го носам дресот со број 7. Многу ми недостасува фудбалот во овој момент. Изолацијата минува добро, но немам што многу да правам. Навистина немам поим кога ќе продолжат лигите ни кога ќе почнеме да тренираме“, изјави Гризман.

Тој, исто така, се осврна на Европското првенство кое беше преместено за следното лето.

„Жалиме што е преместено Европското првенство, но тоа беше вистинската одлука. Ќе биде добро за нашиот тим бидејќи имавме неколку повредени играчи”, додаде напаѓачот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …