Натпреварот помеѓу Барселона и Тотенхем синоќа во рамките на Лигата на шампиони, беше доста „необичен“ за каталонскиот тим.
Барселона играше со резервен тим бидејќи мечот за нив немаше никакво резултатско значење. Тие фактори делуваа многу врз начинот на игра на тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, за прв пат од декември 2006 година Барса заврши меч во Лигата на шампиони со помал посед од противникот.
Каталонците синоќа по завршување на мечот имаа посед од 48.8%. Пред точно 12 години Вердер беше тимот кој и го „одзеде“ поседот на Барса и имаше 57,1%.
На синоќешниот меч Барса ја отстапи иницијативата најмногу во второто полувреме кога водеше со 1:0.
Англичаните беа приморани да бркаат еден гол за пласман во следната рунда и на крајот успеаа во тоа.