Барселона сака по секоја цена да ангажира напаѓач до крајот на преодниот рок, а денес каталонските медиуми лансираа ново име.
Прва мета беше Родриго од Валенсија, но преговорите се прекинати и Барса мора да се сврти кон други решенија. Понудата за Обамејанг беше одбиена бидејќи Арсенал не сака да ја пушти својата ѕвезда на средина од сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според најавите на каталонските медиуми новиот напаѓач на Барселона може да пристигне од Португалија. Станува збор за големиот талент на Брага, Тринкао за кого се заинтересирани многу европски гиганти.
Меѓутоа, Каталонците имаат одлична соработка со Брага и наводно имаат предност во преговорите за португалскиот талент. Медиумите тврдат дека Барса е спремна да понуди 20 милиони евра за да го добие Тринкао.
20-годишниот Тринкао ги помина сите младински селекции на Португалија и беше европски шампион со младата селекција.