Дома Фудбал Барса не ја започнала годината со победа од 2014 година!

Барса не ја започнала годината со победа од 2014 година!

Во недела тимот на Барселона ќе го одигра првиот натпревар во 2019 година и ќе му гостува на Гетафе во рамките на Примера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Каталонците ги очекува тежок меч, не само што противникот игра добро оваа сезона, туку треба да се борат со традицијата и лошата статистика во првите натпревари од годината.

Барселона последен пат со победа ја започна 2014 година, кога со 4:0 го победи Елче во Примера. Меѓутоа во следните четири години Каталонците во првиот натпевар запишуваа пораз или реми.

Во 2015 година загубија со 1:0 од Реал Сосиедад на „Аноета“, а следната година одиграа 0:0 против Еспањол. Во 2017 година во првиот меч запишаа пораз од Атлетик Билбао во Купот, а минатата година одиграа реми 1:1 против Селта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн се збогува со тројца важни играчи откако ја освои титулата во Германија

Баерн во победата од 5:1 против Келн го подигна трофејот на Бундеслигата, а пред последнио…