Дома Трансфер зона Барса не запира, откриени сите трансфер планови на Каталонците!

Барса не запира, откриени сите трансфер планови на Каталонците!

Барселона и понатаму не го комплетираше тимот за следната сезона, иако пристигнаа Де Јонг и Гризман, шпанските медиуми се занимаваат со дилемите кои Валверде ги има и евентуалните промени.

Наводно ги има десетина, нема сите да бидат решени, но тренерот на Барселона размислува за тоа како да го засили тимот. Кога станува збор за голманите, работата е едноставна, Тер Штеген и новиот голман кој пристигна од Валенсија, Нето. Првото двоумење е за десен бек, Семедо има понуда од Атлетико, Валверде не е сигурен на Роберто, но ни самиот Португалец не може да го исполни бараното, се зборува за Кансело, но и за враќање на Даниел Алвеш.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ниту на левата страна, ситуацијата не е идеална, Алба има критики за дефанзивната, означен е како главен виновник за елиминацијата од Ливерпул, тука Валверде нема алтернатива. Миранда од Ла Масије не е по негов вкус, Барса преговара со слободниот агент Луис Филипе од Атлетико. Пике и Ленгл се сигурни, тука се и Тобидо, но ако Умтити биде дел од работата околу Нејмар, на Барса ќе и биде потребен уште еден стопер. Ван Дајк не сакал да разговара, а Јунајтед нема да го продаде Линделоф.

Во средниот ред сигурни се Бускетс, Видал, Де Јонг, Артур, Аленја, проблемот со Ракитиќ е повторно што би можел да биде дел од трампата, иако тој тоа не го сака, а и малку е веројатно Валверде да го пушти. Барса се двоуми дали да го пушти Рафиња во Валенсија, бидејќи тој е играч кој може да покрие неколку позиции.

Во нападот, Гризман, Меси и Суарез се неверојатни, но постојат неколку дилеми. Дали Дембеле ќе биде продаден на Баерн? Кутињо е отпишан, тој би можел да биде дел од работата околу Нејмар, го одби Јунајтед, а се зборува дека сака во Ливерпул кој секако нема да ја плати бараната сума. Треба да се ослободи и Малком кој го завзема местото на странец, Нејмар нема европски пасош, па неговиот сонародник ќе мора да го напушти клубот.

Што значи, сведено на една реченица, проблем е во страничните позиции, веројатно и стопер ако си оди Умтити, а треба да се ослободат од Кутињо и Малком. Во Барселона се уште ништо не е готово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Сити подготвува спектакуларен трансфер

Според последните информации од Островот кои ги пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчест…