Дома Фудбал Барса нема победа во Виго веќе пет години!

Барса нема победа во Виго веќе пет години!

Тимот на Барселона во сабота ќе се исправи пред нов предизвик и нема право на кикс.

Каталонците и гостуваат на Селта во рамките на 32-то коло од Примера, а статистиката вели дека ова е незгодно гостување за Барселона.

Имено, Барселона нема победа во Виго уште од 2015 година. Последен пат Каталонците победија на 7-ми април 2015 година со голот на Жереми Матије.

На следните пет меча, Барса прими 11 гола, а постигна само 5 и не победи ниту еднаш. Најболен беше поразот од 23 септември 2015 година кога Каталонците загубија со 4:1.

Сега Селта се наоѓа во добра форма откако излезе од зоната за испаѓање, па Барса ќе игра и против традицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед без ново привремено решение? Карик пред важен тест со Вила

Победата над Рома му донесе здив на Мајкл Карик, но не ги отстрани дилемите на управата. А…