Деветтото коло во шпанската Ла Лига ни го донесе супер дербито помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Двете екипи играа во одлична форма, беа без пораз, па затоа ова „Ел Класико“ привлекуваше огромно внимание.
На крајот славеше Реал Мадрид со 3:1. Натпреварот беше отворен после само 12 минути игра. Карим Бензема се најде во идеална прилика која не си дозволи да ја пропушти. Голема прилика имаше Левандовски во 25. минута (ТУКА), но полскиот голгетер не реализираше.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Продолжи Реал да биде подобриот тим на теренот, па така на десет минути до крајот на полувремето во листата на стрелци се запиша и Федерико Валверде. Со 2:0 тимот на Анчелоти замина на пауза.
Сликата во второто полувреме не се промени премногу, можеби Барселона имаше нешто поголема иницијатива. Феран Торес во 83. минута постигна гол на надеж за Барселона. Сепак сите дилеми околу победникот ги реши Родриго со голот од пенал во судиското продолжение.
За Барселона ова е првиот пораз во сезоната, додека Реал останува единствената непоразена екипа во првенството оваа сезона. На врвот „кралевите“ имаат сега 25 бода, Барселона е второпласирана со 22.