Барселона ова лето ја очекува најголемата реконструкција во својата понова историја, па многу ѕвезди ќе си заминат од „Камп Ноу“.
Суарез сигурно заминува, Меси побара трансфер, а неизвесна е иднината и на Антоан Гризман, кој минатото лето пристигна за 120 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шпанските медиуми тврдат дека претседталот Бартомеу има „луда идеја“ и е спремен да му понуди на Атлетико Мадрид интересна трампа.
Имено, Барса на Атлетико му понудила трампа Гризман за Жоао Феликс. Французинот на „Камп Ноу“ заработува 18 милиони евра по сезона, а после првите две години платата ќе му порасне на 21 милион евра. Феликс исто така има растечки договор, но во првата сезона ќе прими само 3.500.000 евра.
Поради тоа „јорганџиите“ експрено ја одбиле понудата на Барселона за трампа на двете ѕвезди.
Barcelona president Bartomeu offered to return Griezmann to Atletico Madrid as part of a proposed swap deal for Joao Felix. [MARCA] pic.twitter.com/N2wPqjbNaX
— Transfer News (@TransfersLlVE) August 28, 2020