Дома Фудбал Останато Барса лесно се откажа од страшен голгетер, Дортмунд ја активира клазулата – Алкасер добива двојно повеќе!

Барса лесно се откажа од страшен голгетер, Дортмунд ја активира клазулата – Алкасер добива двојно повеќе!

Taму каде што застана против Аугусбург, кога постигна три гола против несреќните Баварци, Пако Алксаер продолжи вчера во Кардиф, уништувајќи го Велс во дресот на репрезентацијата на Шпанија.

За околу 200 минути, нешто повеќе од два цели натпревари – девет погодоци!? Да не пресметуваме просек, луд учинок во секој случај!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


До пред неколку месеци не беше ниту на мапа во Барселона, ниту во стартниот тим на Шпанија, а од вчера изгледа е незаменлив. Борусија Дортмунд не сакаше ништо да препушта на случајноста и да чека, па уште вчера паднала одлуката клазулата од 23 милиони евра да биде активирана.

alcaser

Алкасер би требало да биде сосема задоволен и од личните услови.

Местото во стартниот тим ќе му биде загарантирано и токму тој би требало да биде главниот голгетер во системот на Лусијан Фавр.

Германците пренесуваат дека договорени се и финансиските услови, Шпанецот ќе заработува осум милиони евра по сезона. Тоа воопшто не е мало покачување ако се знае дека во Барселона добиваше двојно помалку.

Договорот ќе има важност се до 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потврдено: Чави останува тренер на Барселона!

Во Барселона претседателот Лапорта и останатите успеале да го убедат тренерот Чави да оста…