Дома Фудбал Барса и Јуве пред договор: Трансферот ќе биде објавен пред пролжување на првенството

Барса и Јуве пред договор: Трансферот ќе биде објавен пред пролжување на првенството

Јувентус и Барселона се блиску до договор за трансфер на 23-годишниот Артур Мело.

Мундо Депортиво објави дека младиот Бразилец е желба на Јувентус и дека клубот е на прагот од негов трансфер на Камп Ноу.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Артур кај новиот тренер Кике Санчез го изгуби стартното место, па во последните 11 натпревари само четири пати заигра од првата минута. Кај Јувентус постои желба целиот трансфер да се заврши пред да продолжи првенството.

Старата дама е подготвена на плати 30 милиони евра и во Барселона да го испрати Миралем Пјаниќ или Бернардески, кој Барса сакаше да го донесе и претходното лето.

Бразилецот е среќен во Барселона и нема намера да замине, но јасно е дека Каталонците поради пандемијата мора да се откаже од неколку “помалку важни“ играчи. Очигледно дека Артур е еден од нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Бразил домаќин на Мундијалот за жени во 2027 година

На 74. Конгрес на Светската фудбалска организација, ФИФА беше донесена одлука Светското пр…