Дома Топ вести Барса има проблеми во одбраната – спасот доаѓа од Лондон

Барса има проблеми во одбраната – спасот доаѓа од Лондон

После двомесечна пауза Самуел Умтити се врати во тимот на Барселона, но веднаш почуствува болки во коленото и синоќа не беше во тимот.

Болките во коленото не се добар сигнал за играчот и за Барселона, па најверојатно конзервативното лечење не даде резултати и Умтити че мора да оди на операција.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона има голем проблем со одбраната оваа сезона, прими 19 гола на 13 меча во Примера, а отсуството на Умтити е само додатна главоболка за тренерот Валверде.

Доколку Умтити мора да оди на операција, тогаш Барселона сигурно ќе мора да донесе еден дефанзивец во зимскиот преоден рок, а каталонските медиуми открија ново име на списокот.

Де Лихт може да пристигне дури следното лето, па Барселона покажува силен интерес за младиот стопер на Челзи, Андреас Кристенсен. Данскиот репрезентативец падна во втор план оваа сезона, па и самиот е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Каталонците се спремни да започнат преговори со Челзи за позајмица до крајот на сезоната, но проблем е што „сините“ не сакаат да стават клаузула за откуп.

Во секој случај, „алармот“ во Батселона е запален и клубот сигурно ќе донесе еден дефанзивец оваа зима.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…