Дома Топ вести Барса има отворен пат: Мурињо нема да се меша за Гризман

Барса има отворен пат: Мурињо нема да се меша за Гризман

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо смета дека 100 милиони евра кои Атлетико Мадрид ги бара за Антоан Гризман не одговараат не реалната цена на Французинот.

Според „Марка“ клубот од „Олд Трафорд“ нема да се обиде да го ангажира Гризман во јануари, што значи дека Барселона ќе има отворен пат кон Французинот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На списокот на Каталонците се наоѓа уште Филипе Кутињо од Ливерпул и Анхел Ди Марија од ПСЖ, но Барселона нема да прави повеќе од еден трансфер во јаниари.

„Марка“ пренесува дека реалниот проблем за Барселона и Манчестер Јунајтед е што клаузулата на Гризман во моментов е 200 милиони евра и така ќе биде до јуни 2018 година, кога ќе се намали на 100 милиони евра.

Поради тоа, најверојатно Французинот ќе остане во Атлетико до крајот на сезоната, а следното лето ќе избере еден од споменатите клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Толку од фудбалот: Погба ја смени професијата!

Пол Погба неодамна доби четиригодишна суспензија од фудбалот поради допинг, па така сега в…