Дома Топ вести Барса има нов најтрофеен играч во својата историја – Лео Меси!

Барса има нов најтрофеен играч во својата историја – Лео Меси!

Тешко дека некој некогаш ќе го стигне…

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Лионел Меси вчера колку-толку ги залечи раните од лошиот настап на Светското првенство.

Каталонците вчера ја совладаа Севиља со 2:1 во Суперкупот на Шпанија и стигнаа до првиот трофеј во новата сезона, а Лео Меси и тоа како имаше причина за задоволство, иако не постигна погодок.

Имено, по многумина најдобриот фудбалер во светот вчера стана – најтрофеен играч во историјата на Барселона.

За Меси овој Суперкуп беше 33-ти во сениорската конкуренција за славниот клуп со што го надмина Андрес Иниеста која замина во Јапонија со 32 трофеи. Зад нив следуваат двајца играчи од актуелната генерација – Жерар Пике и Серхио Бускетс со по 28.

Ова е уште еден показетел дека во овој момент веројатно Барса ја има најдобрата генерација во својата историја.

messi

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…