Дома Фудбал Барса има аргументи: Ја бара титулата доколку Примера не продолжи

Барса има аргументи: Ја бара титулата доколку Примера не продолжи

Пандемијата со коронавирусот создаде многу проблеми во фудбалските првенства ширум Европа, па се покренуваат многу прашања како може да биде завршена сезоната 2019/20.

Шпанската Примера моментално е суспендирана на две недели поради критичната ситуација, но не се знае точно кога ќе има услови да продолжии дали воопшто ќе заврши. Весникот „Спорт“ ги става на насловна страница аргументите на Барселона да ја освои титулата, доколку не се заврши првенството.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 „Барса ќе претендира за титулата ако Лигата не заврши“, е насловот на изданието. Според весникот, постои можност шампионатот да не биде комплетиран на 11 кола пред официјалниот крај.

При ова сценарио, Барселона ќе побара од управните тела да бидат прогласени за шампиони, тврди „Диарио Спорт“. Изданието објавува неколку аргументи. Меѓу првите е дека се одиграле повеќе од 70% од натпреварите.

Од „Камп Ноу“, исто така, ќе посочат дека освен што се лидер во привремениот пласман, тие се и зимски шампион. На полусезона, Барселона беше лидер со 40 бода, колку што имаше и Реал Мадрид. Тогаш нивниот директен натпревар заврши 0-0 и одлучуваше гол-разликата, која беше во прилог на Каталонците во тоа време.

Нема друг таков преседан во историјата на Ла Лига. Единствениот прекин на првенството беше помеѓу 1936 и 1939 година поради Шпанската граѓанска војна. Регулативата на Кралската шпанска фудбалска федерација не предвидува што би се случило во сегашните околности.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…