Дома Фудбал Барса донесе одлука, Куман пред отказ

Барса донесе одлука, Куман пред отказ

Каталонските медиуми пренесуваат дека на крајот на сезоната Барселона може да му врачи отказ на тренерот Роналд Куман.

Иако пред само две недели неговото место изгледаше сигурно, сепак работите се променија и Барселона сака новата сезона да ја започне со нов тренер.

Управниот одбор смета дека Куман е најголем виновник за лошите резултати и го обвинува за слаби тактички решенија, како и лоши измени во текот на натпреварите.

Меѓутоа, првиот човек на клубот Жоан Лапорта нема да носи избрзани одлуки и на крајот на сезоната ќе биде донесена конечна одлука за иднината на Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…