Дома Трансфер зона Барса добива конкуренција: Јувентус го сака талентот на Ајакс

Барса добива конкуренција: Јувентус го сака талентот на Ајакс

Италијанскиот шампион Јувентус ќе се обиде да го доведе во своите редови дефанзивецот на Ајакс и холандската репрезентација, Матијас де Лихт.

Според „Кориере дело Спорт“ холандскиот дефанзивец ќе биде примарна цел на „старата дама“ во јануарскиот преоден рок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


19-годишниот Де Лихт игра фантастично во дресот на Ајакс и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најсилен интерес до сега покажуваше Барселона.

Италијанскиот шампион е спремен да ја плати сумата од 40 милиони евра која ја бара Ајакс и е спремен да ја победи конкуренцијата.

Клубот од Торино се надева дека ќе ја победи Барселона во траката бидејќи има одлични односи со неговиот менаџер, Мино Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ќе мора да бира – Алегри или Киеза!

Фудбалерот на Јувентус Федерико Киеза во последниот период се поврзува со заминување од То…