Фудбалерите на Барселона синоќа го освоија првиот трофеј оваа сезона откако што ја победија Севиља со 5:0 во финалето од Купот на Кралевите.
За каталонскиот клуб ова беше 30. титула во историајта на Купот на Кралевите, а до неа дојдоја многу полесно од она што некој го мислеше. Барселона успеа да постигна дури пет гола против Севиља во финалето и да одигра одличен натрпевар. Сепак, навивачите на овој клуб се прашуваат каде оваа магија исчезна пред две недели во четвртфиналето во Лигата на Шампионите против Рома.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Но, што се однесува на Купот на Кралевите, екипата на Барселона синоќа ја изедначи рекордната победа во финалето на ова натпреварување. Имено, рекордотот се до синоќа го држеше Реал Мадрид кој во 1980. година во финалето играше против Реал Мадрид Кастиља, а ниту денеска на никого не му е јасно како е можно две екипи од ист клуб да играат во финалето кога е строго забранено.
Првиот тим на „Кралевите“ славеше со пет гола разлика (6:1) што синоќа го направи и Барселона и го изедначи рекордот, но не играјќи против својата втора екипа, туку против далеку посилната Севиља. Сепак, вечната мистерија ќе биде како е дозволено две екипи од ист клуб да играат во исто натпреварување.