Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона е спремна да ги разгледа сите понуди кои ќе пристигнат за Осман Дембеле.
Многу фудбалери на Барселона се на удар на критики по разочарувачката сезона, а меѓу нив е и Дембеле. Барса плати 105 милиони евра за неговиот потпис, а други 40 милиони евра се утврдени во договорот како клаузули. Сепак, за две сезони на „Камп Ноу“, талентираниот Французин не покажа дека ја заслужува инвестицијата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Притоа. Дембеле има големи проблем со дициплината, направи многу грешпки, како пропуштање на тренинзи, доцнење за натпревари и непочитување на режимот на исхрана, па Барса полека го губи трпението.
Раководните луѓе му порачале дека сакаат тој да остане на „Камп ноу“, но ќе мора да го промени однесувањето. Ако не го зголеми професионализмот, Каталонците се решени да го продадат.
Во овие последни месеци на сезоната, Дембеле требаше да одигра клучна улога, но уште еднаш не ги оправда очекувањата.
Barcelona are willing to sell Ousmane Dembélé this summer if they can recoup the €105m they paid for him in 2017. (Source: SPORT) pic.twitter.com/191Sn7FBEZ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 28, 2019