Дома Фудбал Барса вчера победи, но на Меси изгледа баш и не му се играше (фото)

Барса вчера победи, но на Меси изгледа баш и не му се играше (фото)

messi

Барселона и после четири одиграни кола во Ла Лига го задржа максималниот учинок откако вчера го совлада Реал Сосиедад со 2:1.

Домаќинот изненадувачки рано во 12-тата минута стигна до предност и може да се каже дека одлично ја чуваа. На стартот на вториот дел Сосиедад пропушти и неколку прилики да стигне до втор погодок, а кого не ги искористија стигна казната.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Прво Суарез во 63-тата минута, а потоа и Дембеле само три минути погодуваа за комплетен пресврт и победа на Каталонците.

Иако Барселона победи, за Меси натпреварот против Сосиедад беше еден од неговите најлоши какви што нема многу.

Статистиката од натпреварот покажува дека првата ѕвезда на Барселона буквално се шеташе на половината на противникот, додека кога Барселона беше во фаза на одбрана тој многу ретко се враќаше да помогне.

За вчерашниот настап Меси доби оценка од 7.6.

messi

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…