Eкипата на Брајтон сериозно ги разгледуваат опциите доколку Роберто Де Зерби одлучи да си замине на крајот од сезоната.
Според информациите на Островот, Брајтон се подготвува за сите можни сценарија, па едно од нив е потенцијално без Де Зерби. Италијанецот беше поврзуван со голем број клубови како Милан, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Челзи, а во неговиот договор има откупна клазула во износ од 15 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Доколку некој клуб е спремен да ја плати таа сума, а Де Зерби реши да ја прифати понудата, тогаш Брајтон би го донел – Винсент Компани.
Иако Барнли е поблиску до испаѓање во Чемпионшип, отколку да остане во Премиер лигата, Компани е посакуван од други клубови.
Компани практикува сличен стил на игра како што игра и Де Зерби и токму тоа е главната причина за интересот.