Дома Фудбал Барела: Резултатот со Македонија беше неправеден, не го гледам Мундијалот

Барела: Резултатот со Македонија беше неправеден, не го гледам Мундијалот

Фудбалерот од редовите на Интер, Николо Барела призна дека не го гледа Светското првенство затоа што уште го боли поразот од Македонија.

Италија пропушта второ Светско првенство во низа, откако во баражот за Мундијалот во Русија беа поразени од Шведска, за ова Светско Првенство Италија беше елиминирана од Македонија.

Нашата репрезентација со голот на Александар Трајковски во Палермо во март ги шокираше Италијанците и ги остави без настап на Мундијал.

„Не го гледам Светското првенство затоа што не знам како ќе се чувствувам. Се уште не ми е чиста главата после разочарувањето со Македонија. Резултатот за мене беше неправеден.

 Сега се најдовме ние во ваква ситуација, но следниот пат може да биде друга репрезентација. Европскиот шампион и шампионот на Јужна Америка треба да има обезбеден настап на Светско првенство“, смета Барела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…