Дома Фудбал Барди „растура“ во Примера, зад себе ги остави Роналдо, Суарез, Гризман…

Барди „растура“ во Примера, зад себе ги остави Роналдо, Суарез, Гризман…

bardhi

Eнис Барди оваа сезона игра фантастично, тој е еден од најдобрите фудбалери на Леванте во новата сезона.

Против Еибар, Барди го постигна четвртиот погодок во Примера, што е поголема бројка од ѕвездите на Реал Мадрид и Барселона кои денес на фудбалскиот пазар вредат по 100 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


До овој момент, Македонецот во Примера постигна повеќе погодоци Кристано Роналдо, Герет Бејл и Карим Бензема. Имено, во досегашниот тек од Примера, Роналдо и Бензема погодија по еднаш, додека Герет Бејл два пати ја тресеше противничката мрежа, што значи дека сите тројца вкупно имаат четири колку и Барди!

Барди статистички не е подобар само од триото на „кралевите“ тој постигна и повеќе голови од Луис Суарез кој оваа сезона три пати се запиша во листата на стрелци. Зад Македонецот остана и ѕвездата на Атлетико Мадрид Антоан Гризман.

Во продолжение погледнете го последниот гол на Барди против Еибар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…