Дома Македонски спорт Барди по двата гола со Атлетико: Овој резултат нека биде пресвртница!

Барди по двата гола со Атлетико: Овој резултат нека биде пресвртница!

Eнис Барди вчера имаше одлична вечер и постигна два гола од пенал за Леванте да одигра 2:2 против Атлетико Мадрид.

Леванте и после 11 натпревари победа, а за Барди ова се првите голови сезонава. Интересно е што последниот гол за Леванте Барди го постигна на 17. февруари исто така против Атлетико и тој натпревар заврши без победник 1:1.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Среќен сум за освоениот бод затоа што влеговме во овој натпревар после една лоша серија. Покажавме дека сме живи и дека можеме со секого да освојуваме бодови. Горд сум на тимот и сета наша пожртвуваност. Најважно е да веруваме дека можеме да одиме напред. Сигурно дека овој бод ќе ни даде самодоверба, ова е нешто кое треба да биде пресвртница“, изјави Барди.

Ќе потсетиме Барди минатиот викенд се врати на терените од повредата која ја здоби на 8. септември во натпреварот против Романија и добро е што влегува во ритам пред последните два квалификациски натпревари на Македонија со Ерменија на 11. ноември и Исланд на 14. ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Тажна вест: Почина легендарниот Велибор Џаровски – Џаро, македонскиот „крал на местенките“

На 75-годишна возраст денеска по кусо боледување почина легендарниот Велибор Џаровски R…