Дома Македонски спорт Барди од кога е во Леванте не знае за пораз против Реал Мадрид и се надева дека така ќе остане

Барди од кога е во Леванте не знае за пораз против Реал Мадрид и се надева дека така ќе остане

bardhi

Енис Барди е еден од најдобрите играчи на Леванте и секако дека ако овој тим сака позитивен исход во утрешниот натпревар против фаворизираниот Реал Мадрид ќе биде потребно добро издание на нашиот репрезентативец.

Македонскиот репрезентативец во изјава за шпанските медиуми пред натпреварот истакна дека верува во изненадување на Леванте. Всушност и нема причина да не биде така затоа што во првиот натпревар оваа сезона го победија Реал Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Натпреварите против Реал Мадрид секогаш сеп осебни. Максимално сме посветени и мотивирани со цел да одиграме уште еден добар натпревар и да се прикажеме во најдобро светло“, изјави Барди.

Она што е интересно, а е поврзано за Барди е што откако тој пристигна во Леванте во 2017 година – Леванте нема пораз во пресметките со Реал Мадрид.

Во сезоната 2017/2018 двата натпревари против „кралевите“ завршија без победник (1:1 и 2:2). Оваа сезона како што споменавме Леванте среде Мадрид направи изненадување и го победи Реал Мадрид со 1:2. Треба да се истакне дека во сите овие три натпревари Барди беше дел од тимот на Леванте.

„Тоа е интересен податок. Не сум доживеал пораз од Реал Мадрид. Меѓутоа затоа е заслужен целиот тим кој секогаш е максимално мотивиран во пресметките против Реал. Се надевам дека и после утрешниот натпревар нема да знам за пораз“, порача Барди.

Натпреварот помеѓу Леванте и Реал Мадрид се игра утре во Валенсија со почеток од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…