Дома Фудбал Барди одигра 76 минути во катастрофата на Леванте против Севиља (ВИДЕО)

Барди одигра 76 минути во катастрофата на Леванте против Севиља (ВИДЕО)

Фудбалерите на Севиља на свој терен го декласираа Леванте со убедливи 5:0 во рамките од 21-то коло во шпанската Ла Лига.

Севиља одигра одличен натпревар пред своите навивачи, а сите пет погодоци на натпреварот ги видовме во второто полувреме. Домаќините во првото полувреме имаа неколку добри прилики, но Леванте во првиот дел некако ја сочува својата мрежа.

Меѓутоа среќата тимот од Валенсија го напушти во продолжение од натпреварот. Веќе во 48-тата преку Бен Једер Севиља стигна до водство, а во 60-тата минута преку Андре Силва зголемија на 2:0.

Десетина минути подоцна Васкез погодува за 3:0, потоа Сарабиа од пенал зголемува на 4:0. Конечните 5:0 ги постави Промес во финишот од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал подготвува понуда од 60 милиони евра за Брахим Дијаз

Лондонскиот клуб наводно размислува за зимски потег за офанзивецот на Реал Мадрид, кој не …