Дома Фудбал Барди за слободните удари: Не смееме да зборавиме дека тие не се пенали

Барди за слободните удари: Не смееме да зборавиме дека тие не се пенали

Енис Барди и оваа сезона игра одлично, а минатата недела како награда доби нов подобар договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонскиот мајстор за слобдни удари по потпишувањето на договорот сега имаше и интервју за реномираниот весник со седиште во Валенсија „Супердепорте“.

„Не се плашам што ме сметаат за добар изведуваш на слободни удари. Знам дека треба да се подобрам во некои сегменти, секогаш може подобро. Прекините не се најважни, со нив може да донесам победа на неколку натпревари, најважно е како ќе игра тимот. Само слободните удари не се доволни за успех“, изјави Барди.

И самиот фудбалер чуствува дека фановите очекуваат скоро секој слободен удар во опасната зона да го претвори во погодок.

„При секој слободен удар сум сконцентриран да го дадам најдоброто. Не секогаш излегува онака како што сум очекувал. Не смееме да заборавиме дека слободните удари не се пенали“, истакна македонскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова драма, зовреа страстите: Играчите го бојкотирале Кристијано Роналдо?

Во Португалија не се смируваат страстите по испаѓањето од Светското првенство. Има многу о…