Дома Фудбал Репрезентации Барди за реализацијата: Да им дадеме поддршка на Миовски и Ристовски, играат одлично во своите клубови

Барди за реализацијата: Да им дадеме поддршка на Миовски и Ристовски, играат одлично во своите клубови

На прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Бугарија заедно со селекторот Благоја Милевски присуствуваше капитенот Енис Барди.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Еден од проблемите во Грузија беше реализацијата, а Барди смета дека треба да им се даде поддршка на Милан Ристовски и Бојан Миовски кои постигнуваат голови во своите клубови.

Во репрезентацијата има многу нови играчи. И Миовски и Ристовски даваат голови во своите клубови, па верувам головите ќе дојдат и во репрезентацијата. Затоа треба да ги поддржиме и да им дадеме поголема мотивација. Ние сме одлична генерација која може да направиме големи работи.

Против Бугарија да докажеме дека поразот од Грузија беше незаслужен.

Изгубивме незаслужено, но фудбалот е таков. Против Бугарија имаме нова шанса да докажеме дека тој резултат против Грузија беше незаслужен“, изјави Барди.

Натпреварот против Бугарија кој е последен за оваа сезона во Лигата на Нации го играме утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Страв од нерегуларности: Мундијалот сè поблиску, контроверзиите сè поголеми“

Да се потсетиме на сомнителниот пенал кој ПСЖ го доби на Паркот на Принцовите и оној што А…