Македонскиот репрезентативец Енис Барди во текот на изминатото лето за три милиони евра се пресели во турскиот шампион Трабзонспор, но засега не може да се избори за место меѓу стартните 11 и шанса добива како резервист.
Поради таквата ситуација во изминатиот период се појавија и најави дека Барди веќе во јануарскиот преоден рок може да ја промени средината.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во клубот Барди дојде кога Трабзон се бореше за место во ЛШ, сепак беа поразени во плеј-офот и не обезбедија место во најелитното европско натпреварување.
Сега, самиот Барди призна дека конкуренцијата во средниот ред во Трабзонс е на навистина силна.
„Конкуренцијата е силна и голема, јас се обидувам да напредувам и се обидувам да го искористам секој момент кога сум на теренот.
Се чувстуввам добро, а најдобриот момент е секогаш кога ќе добиете шанса да ја искористите. Се обидувам секогаш да сум подобар од претходно, во фудбалот никогаш нема крај, секој ден, секој натпревар и нова шанса да за докажување“, изјави Барди.
Во Трабзон брзо се прилагодил.
„Навистина ми е добро тука. Кога доаѓав ми зборуваа дека градот 24 часа живее за фудбал, не ми се веруваше дека е така, но и самиот се уверив.
Кога сте надвор сите зборуваат за фудбал, мислите како сите да играат фудбал. Можете да забележите дека навивачите многу знаат за фудбалот, а градот сонува големи резултат“, истакна македонскиот репрезентативец.