Дома Македонски спорт Барди: Зад себе оставивме напоред распоред во несоодветен временски период

Барди: Зад себе оставивме напоред распоред во несоодветен временски период

Maкедонската фудбалска репрезентација вчера со победата против Гибралтар од 4:0 го заврши овој јунски циклус на натпревари во Лигата на Нации.

Во краток период македонските фудбалери во неевобичаен термин одиграа четири натпревари во кои забележавме две победи против Гибралтар, реми против Бугарија и пораз од Грузија. Во отсуство на капитенот Стефан Ристовски кој беше повреден капитнската лента му припадна на Енис Барди.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Барди во овие четири натпревари постигна два гола, стрелец беше и вчера на Арената кога од слободен удар во почетните минути од мечот го матираше гостинскиот голман. Денес Барди истакна дека е задоволен од она што Македонија го прикажала во претходниот период.

„Зад себе оставивме уште еден напорен распоред во несоодветен временски период на крајот од сезоната. Среќен сум што продолжуваме да се подобруваме и убеден дека во следниот собир ќе бидеме на уште повисоко ниво“, порача Барди.

Следните репрезентативни натпревари на Македонија се во септември кога ќе играме против Бугарија дома и Грузија на гости.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…