Македонија за жал не успеа да слави денес против Украина и бевме поразени со 2:3, иако на полувремето водевме со 2:0.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди порача дека мора да се смени менталитетот и секој да преземе одговорност, а не постојано да се наоѓаат други изговори.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не знаете колку лошо се чувствувам. Ги имавме во раце Украинците, а потоа одеднаш како да се загубивме на теренот.
Ни недостигаше фокус, а тоа Украина го искористи. Не знам што се случи. Игравме како Барса шеесетина минути и потоа пак со тој наш менталитет дозволивме да загубиме.
Едноставно секој треба да преземе одговорност за себе и мораме да се подобриме“, изјави Барди.
Македонија за два дена ја очекува тежок натпревар против Англија на гости во Манчестер на „Олд Трафорд“.