Стефан Даскалов за Спортски од Амстердам.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
После натпреварот со Холандија во микс-зоната зборуваше и Енис Барди, кој воедно порача дека за него Горан Пандев е најгоелмиот фудбалер на Македонија на сите времиња.
„Овој настап на ЕУРО ќе го паметиме целиот живот, ова ќе биде големо искуство за сите нас и нешто кое ќе ни даде сила за следнитеп редизвици, за повторно да се квалификуваме на едно големо натпреварување. За нас беше еден емотивен натпревар, сите знаеме што Горан Пандев даде за оваа репрезентација, тој е најголемиот фудбалер кој го имала Македонија. Му посакуваме среќа и здравје во иднина на него и неговото семејство“, изјави Барди.
Фото: ФФМ