Дома Македонски спорт „Барди гледа додавање таму каде што никој не го гледа“

„Барди гледа додавање таму каде што никој не го гледа“

Eнис Барди вчера постигна два гола од пенали во натпреварот против Атлетико Мадрид (2:2).

Од неодамна на клупата на Леванте пристигна Хавиер Переира кој после овој меч имаше големи пофалби за Барди. Переира истакна дека не биле само головите, Барди беше одличен во текот на целиот натпревар и заслужено беше прогласен за играч на мечот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Барди е играч над нашаето нормално ниво на тимот. Од него може многу да се научи, покажува нешто различно, гледа додавање каде што никој не може да го види. Знаеме дека е одличен изведувач на слободни удар, никогаш не сум се посомневал во него. И во двата пенали бев многу смирен, верував дека нема да погреши. Со голема самодоверба го совлада Облак“, изјави Переира.

Инаку, за Барди ова беше прв натпревар како стартер после враќањето од повредата минатиот викенд, македонскиот репрезентативец се повреди на 8. септември во натпреварот со Романија во Скопје.

Леванте во Ла Лига се уште чека на својата прва победа, а во клубот се надеваат дека овој резултат против силен тим како што е Атлетико може да биде пресвртница да дојдат добрите резултат. Такво нешто порача и Барди во изјавата по натпреварот – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…