Милан и Наполи вечерва го играа дербито во четвртфиналето од италијанскиот куп.
Италијанското дерби на крајот им припадна на „росонерите“, најмногу благодарение на новото засилување на Милан, Криштоф Пијатек.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Избраниците на Гатузо стигнаа до победа од 2:0, а двата гола беа дело на Пијатек.
На полскиот голгетер потребни му беа само десет минути за да погоди мрежата на Наполи. Тој негов погодок како да беше само загревање.
Пијатек во 27-та минута изведе мало ремек-дело и осамен во шеснаесетникот покрај двајца играчи на Наполи стигна и до својот втор погодок на натпреварот.
На крајот овој резултат од првиот дел се покажа и како конечен. Интересен е податокот кој говори дека Игуаин за 12 натпревари во Милан постигна еден погодок, додека Пијатек за 27 минути два пати се запиша во листата на стрелци.
https://youtu.be/ehsbH2qjfpQ
https://youtu.be/ZVKl3sUza1M