Многу често фудбалерите на Лидс зборуваат за лудориите на Езгјан Алиоски сега на оваа тема зборуваше напаѓачот на англискиот тим Патри Бамфорд.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бамфорд беше гостин во подкаст на УММ на јутуб каде што откри неколку пикантерии. Во делот за Џани зборуваше за него и неговата девојка.
„Не можам да ви го опишам Џани. Тој е како мало дете кое во него цело време има премногу шеќер. Откако се пласиравме во Премиер лигата отидовме на одмор и таму момците со себе ги земаа девојките и сопругите. Си помислив, добро, доаѓа со својата девојка и ќе биде помирен. Но, не – пак истото. Полошо од се што девојката на Џани е исто луда како него“, зборуваше Бамфорд.