Дома Фудбал Останато Балотели ја продолжува фантастичната форма, а денес привлече внимание со прославата на голот (ВИДЕО)

Балотели ја продолжува фантастичната форма, а денес привлече внимание со прославата на голот (ВИДЕО)

Марио Балотели очигледно направи вистински потег кога оваа зима направи трансфер во редовите на Марсеј.

Балотели долго се обидуваше да замине од Ница на крајот беше пуштен во Марсеј и сега италијанскиот напаѓач повторно покажува дека не случајно го носеше дресот на Интер, Милан, Манчестер Сити…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неговиот Марсеј од 17:00 часот го игра натпреварот од 25-тото коло против Амиен и води со 2:0. Балотели во 25-тата минува го постигна голот за зголемување на предноста.

Големо внимание Балотели привлече со прославата на погодокот која можете да ја погледнете во виеото под текстот.

Балотели во минатото коло постигна гол и против Дижон во победата од 2:1, а дебитираше со погодок против Лил (1:2) на „Велодром“ на 25-ти јануари.

Значи, веќе има три гола зад своето име во новиот клуб и изгледа конечно го гледаме оној вистинскиот „Супер Марио“ кој нас во главно не навикна од него да гледаме само негативни работи.

https://youtu.be/yd6LdGLra7c

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…