Дома Фудбал Италија Балотели со силна порака: Не бидете смешни и дојдете при себе – доста е!

Балотели со силна порака: Не бидете смешни и дојдете при себе – доста е!

Maрио Балотели ја поддржа одлуката да се откажат сите спортски настани во Италија.

Синдикатот на професионални фудбалери порача дека здравјето е поважно од парите и дека сите мораат да видат дека ситуацијата со која се соочуваат не е наивна. Балотели со опширен коментар ја поддржа пораката на Дамијан Томаси, претседател на синдикатот за фудбалери.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Целосно се сложувам со тебе. Парите не се повредни од здравјето. Немојте да ми пишувате глупости како: Тие си заштитен, каква е разликата дали играш или не? Ништо не може да ви се случи кога играте пред празен стадион, немојте да им ја одземате на луѓето последната радост…“

„Го сакам фудбалот повеќе од сите вас. Но, ако играме тоа значи дека патуваме со автобуси, возови, авиони, дека спиеме во хотели и дека доаѓаме во контакт со други луѓе надвор од нашето нормално опкружување. Не сум во можам да ги видам своите деца поради проклетниот коронавирус бидејќи сите знаете дека не живеат во Ломбардија. Тоа е доволно фрустрирачки“.

„Секако не сакам да ја загрозам својата мајка која ја гледам секој ден. Не сакам да добие некој вирус од мене. Таа не е на исти години како и јас и колку и да го сакам фудбалот на кого му должам се, нема да ништо да ризикувам за него. И зошто да го направам тоа? Да забавувам некого? Да спречам некој друг да изгуби пари? Не бидете смешни! Дојдете при себе, доста е! Луѓе, со здравјето не смееме да си играме“, порача Балотели.

Инаку, одлуката на Владата е сите спортски настани да бидат суспендирани до 3. април, а потоа ќе се донесе нова одлука во зависност од ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…