Дома Фудбал Останато Балотели се налути: Сра*е! Престанете да пишувате лаги за мене! (ФОТО)

Балотели се налути: Сра*е! Престанете да пишувате лаги за мене! (ФОТО)

Вчеравечер беше одиграно дербито во француското првенство помеѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј во кое на крајот Пари Сен Жермен ја оправда фаворитската улога и славеше со 3:1.

Главниот збор на „Паркот на Принцовите“ го имаа Аргентинецот Анхел Ди Марија и суперталентираниот француски тинејџер, Килијан Мбапе. Посебно внимание привлече Ди Марија со неговиот маестрален гол од слободен удар.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа после завршувањето на натпреварот за медиумите беше интересно и нешто друго.

Имено, во фудбалската јавност се појавија информации дека Марио Балотели под својот дрес носел маица со ликот на Маркус Рашфорд и сакал да ја покаже во случај да постигне погодок.

Јасно – се алудираше на голот кој Рашфорд го постигна од пенал во судиското продолжение и така ги елиминираше „светците“ од Лигата на шампионите.

Сепак, како и многу пати досега од кога се појави интернетот се покажа дека станува збор за лажна вест и дека нема врска со вистината. Дека станува збор за лага потврди Балотели кој се огласи преку неговиот Инстаграм профил.

„Ова е лага. Сра*е! Престанете да пишувате лажни вести за мене“, стои во текстот на фотографијата која ја постави „Супер Марио“ како Инстаграм „стори“.

Очигледно некој добил идеја да го искористи имиџот кој го има Балотели во медиумите и да си поигра со мислењето на фудбалската јавност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…