Италијанскиот напаѓач Марио Балотели се наоѓа во центарот на вниманието во претходните денови бидејќи стана јасно дека неговата авантура во Бреша е завршена.
Балотели пропушти неколку тренинзи на италијанскиот клуб наводно без да ги извести тренерот и луѓето во Бреша и тоа ги налути сите во клубот. Продолжување помеѓу двете страни сигурно нема да има, а сега се чека само официјална потврда за тоа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дека Балотели ја заврши својата авантура во Бреша стана јасно кога „Супер Марио“ пред два дена беше избркан од тренинг центарот на клубот кога се појавил после неколку дена.
За целата ситуација сега се огласи агентот Фурио Валкареги кој смета за дека за Балотели најдобро е сега да ја заврши кариерата.
„Погрешија што воопшто го купија. На него сега најпаметно му е да ја заврши кариерата. Изгледа како да не му се игра и не знам што продолжува ако му е здосадено. Се брука од годината од година“, изјави Валкареги.