Дома Фудбал Останато Балотели последната глупост која ја направи ќе мора да и ја објасни на полицијата (ВИДЕО)

Балотели последната глупост која ја направи ќе мора да и ја објасни на полицијата (ВИДЕО)

Со Марио Балотели никогаш не е досадно, а посебно не во текот на летото кога фудбалот е во втор план.

Италијанецот после добрата сезона со Марсеј се одмара во Италија и таму се најде во центарот на вниманието. Тој секако привлекува внимание каде и да се појави, меѓутоа Марио оди чекор подалеку и понекогаш ги тера луѓето околу него да прават разни глупости.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Така во Неапол на еден човек му плати 2.000 евра за да скокне со скутер во вода. Балотели тоа го сними и го објави на својот Инстаграм профил.

Човекот кој скокна со моторот во вода си ги доби тие 2000 евра, а потоа кратко порача дека неговиот скутер кој повеќе не е во функција и онака вредел 600 евра.

Балотели и сите околу него во тој момент добро се забавуваа, но потоа „Супер Марио“ доби пријава од полицијата поради коцкање, а освен него пријавени се уште две лица. Исто така Балотели се соочува и со казна за фрлање опасен отпад (поради фрлањето на моторот во морето).

Марио така ќе мора на полицијата да го објасни она што го направи.

 

 

View this post on Instagram

 

Buongiorno così ! ??? (Vespa ripescata).

A post shared by Mario Balotelli???‍?‍?? (@mb459) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…