Maрио Балотели во текот на оваа недела беше во центарот на вниманието откако го провоцираше тренерот на Бешикташ Серген Јалцин.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако постигна гол за Адана Димрспор во мечот од турскиот шампионат Балотели истрча до клупата и му покажа на Јалцин дека во неговата глава има памет. На овој потег се одлучи затоа што во една изјава тренерот на Бешикташ претходно во минатото порача дека Балотели е без мозок.




Балотели за турските медиуми откри дека пријателите во соблекувалната му го покажале тоа видео и тој сакал да му се одмазди на Јалцин.




„Пријателите во соблекувалната ми го покажаа видеото на кое Серген Јалцин зборува дека немам мозок. Бев вознемирен и му се обратив на тренерот: Те молам дај ми да игра, имам одговор на ова. Немам никакви проблеми со Бешикташ, навивачите и играчите. Знам дека сакаа да ме доведат и таму играат многу мои пријатели“, изјави Балотели.