Токму кога во Марсеј ја препорди кариерата, Марио Балотели направи нова глупост во свој стил.
Балотели ризикува суспензија од дури осум натпревари во француското првенство бидејќи наводно му го скршил носот на дефанзивецот на Бордо, Пабло.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До инцидентот дојде на правенствниот натпревар изминатиот викенд кога Бордо како домаќин го совлада Марсеј со 2:0. Балотели во игра влезе во 69-тата минута и набрзо влезе во конфолит со Пабло. Во моментите кога беа еден покрај друг, а топката не беше ниту блиску со лакт го удри Пабло. Судијата не го забележа тој инцидент, но Бордо побара од француската дисцплинска комисија да отвори постапка против Балотели.
Ако се покаже дека Балотели го удрил Пабло со намера да го повреди му се заканува казна од пет до осум првенствени натпревари. Со оглед на големата историја со недисциплината која ја има Балотели поголеми се шансите за максимална отколку за минимална казна.
Qd j'ai lu que Balotelli avait mis un coup à Pablo je m'attendais à 1 coup de poing. C'est la 1ere fois que jvois ces images et j'en rigole. Franchement il n'a rien à craindre… chamaillerie à 2 ballepic.twitter.com/H8DOrwyKaT
— ?⚽ (@double__contact) April 7, 2019
Пабло до крајот на натпреварот заработи исклучување затоа што со лакт го удри Балотели.
Balotelli is the biggest wind up merchant in Ligue 1 ?
Stupid from Pablo to get sent off though! #FCGBOM
— Taz (@TazPhalora) April 5, 2019