Maрио Балотели е на раскрсница во својата кариера.
Контроверзниот италијански фудбалер последните пет месеци ги помина во Марсеј, а сега е без клуб и е во потрага по клуб каде што ќе ја продолжи својата кариера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Марсеј не успеа да се избори за пласман каков што очекуваа навивачите и сезоната ја завршија на петтата позиција.
За крајот на сезоната Балотели испрати порака до навивачите.
„Сакам да се заблагодарам на стручниот штаб, играчите, претседателот и директорите как ои на сите кои работеа во клубот. Ви благодарам и се надевам дека повторно ќе се видиме, доколку не се видиме ви посакувам среќа во наредните години“, порача Балотели.
Очигледно според оваа порака Балотели се надева на нов договор со Марсеј, а дали ќе биде така останува да видиме во преодниот рок кој следи.