Дома Фудбал Останато Балотели: Златан ми кажа дека не сум добар за Интер, а потоа отиде кај Раиола

Балотели: Златан ми кажа дека не сум добар за Интер, а потоа отиде кај Раиола

Марио Балотели своевремено беше голема надеж на италијанскиот фудбал, но не успеа да го оствари она што од него се очекуваше.

Балотели уште како тинејџер доби шанса во Интер кај Жозе Мурињо и покажа дека се работи за навистина талентиран играч. Меѓутоа поради своето однесувањето никогаш не успеа да го оствари она што од него се очекуваше.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера Балотели беше вклучен во живо на Инстаграм со Фабио Канаваро и се потсети на времето додека беше член на Интер каде што беше соиграч и со Златан Ибрахимовиќ.

„Се сеќавам дека бев дете и Златан ми кажа дека никогаш нема да тренирам со првиот тим. Ми кажа дека не сум доволно добар за Интер. Но, потоа отиде ка јРаила и му кажа да ме земе во неговата агенција затоа што сум подобар од него“, откри Балотели.

Во овој момент Балотели е член на Бреша, а постојат шпекулации дека на крајот би можел да го промени тимот. Кога е тој во ппрашање ситуацијата е јасна и призна дека му е желба еден ден да заигра за Наполи.

“Би бил среќен да заиграм за Наполи, ова сериозно го мислам. Мојата ќерка би ги водела навивачите бидејќи навива за Наполи. Беше воодушевена кога ја одведов на „Сан Паоло“. Таму обожавам да играм и ќе видиме што ќе биде“, додаде „Супер Марио“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…