Француските медиуми пред неколку дена објавија дека Марио Балотели е парично казнет од страна на својот клуб Ница бидејќи со вишок килограми се појавил на тренинзите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Балотели поради проблеми со килограмите го пропушти и последниот натпревар за репрезентацијата, Манчини порача дека не е спремен. Француските медиуми набрзо потоа објавија дека Балотели премногу се опуштил во текот на летото и во клубот се вратил со повеќе килограми од дозволеното.
Пишувањата на француските медиуми беа дека Балотели после враќањето од припремите се појавил со 103 килограми, а фудбалерот во текот на вчерашниот ден се огласи преку својот Инстаграм профил.
„Казнет сум бил дека сум предебел? Прво погледнете го моето тело и потоа зборувајте ми дека имам вишок килограми. Второ, е*ете се со вашите измислени приказни. Сега зборувате дека сум казнет и лажете. Кој и да го напишал тоа многу брзо ќе остане без работа“, порача Балотели.
Набрзо потоа постави и иронична фотографија.
