Дома Фудбал Англија Балотели во Премиер лигата има една асистенција, но таа вечно ќе се памети 🎥

Балотели во Премиер лигата има една асистенција, но таа вечно ќе се памети 🎥

Марио Балотели се уште е без клуб откако минатото лето Бреша го раскина договорот со него.

Во последно време најмногу се шпекулираше за тоа дека „Супер Марио“ кариерата ќе ја продолжи во Бразил и тоа во дресот на Васко Де Гама. Преговорите со тој клуб се започнати и според информациите одат во друга насока.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сега медиумите во Бразил потсетија дека Балотели е играч кој имаше голем потенцијал, но никогаш не го исполни најмногу поради неговото однесување. Играше и во Премиер лигата каде што помина четири сезони и успеа да ја освои титулата. Три сезони играше Балотели во Манчестер Сити и една во Ливерпул. Сепак, неговата статистика не е нешто посебно.

Италијанецот на 70 натпревари успеа да постигне 21 гол и запиша само една асистенција. Таа една асистенција ќе остане со златни букви испишана во историјата на Манчестер Сити. Во мечот против Квинс Парк Ренџерс Балотели го проигра Агуеро кој погоди за 3:2 и за титула на Сити во ПЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…