Дома Останати Кошарка НБА Балканска драма во НБА: Јокиќ со звукот на сирената го „поништи“ забивањето на Дончиќ! (ВИДЕО)

Балканска драма во НБА: Јокиќ со звукот на сирената го „поништи“ забивањето на Дончиќ! (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни шест натпревари, а посебно интересно беше во Денвер каде што домаќините Наџентси во драматична завршница со 100:99 славеа против Далас Маверикс.

Првото полувреме донесе интересна борба на двете екипи, а потоа пред крајот на втората четвртина Маверикс го превземаа водството кое ќе го држат до пред самиот крај на натпреварот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На полувремето Маверикс имаа преднсот од 57:51, за потоа нивната предност кон крајот на третата и почетокот на четвртата четвртина да изнесува +12. Сепак, Наџентси се вратија во последната четвртина и однесоа натпреварот во неизвесна завршница.

На пет секунди пред крајот Дончиќ со забивање донесе предност за Маверикс од 99:98, но го промаши дополнителното слободно фрлање. Така му даде прилика на Јокиќ со шут за два поени да донесе победа на Денвер во последниот напад. Тоа и се случи Јокиќ со звукот на сирената погоди за конечни 100:99.

Јокиќ не одигра еден од своите поефикасни натпревари и натпреварот го заврши со 11 поени и 14 скокови. Најефикасен во победничкиот тим беше Пол Милисап со 33 поени.

Кај Маверикс најефикасен беше Дончиќ кој натпреварот го заврши со 24 поени. Младиот Словенец беше блиску и до трипл-дабл бидејќи додаде уште 11 скокови и 9 асистенции.

Торонто без поголеми проблеми на свој паркет однесе победа против Лос Анџелес Лејкерс со резултат 111:98. Рапторси до победата ги предводеше одличниот Каваи Леонард кој овој пат уфрли 25 поени, додека на Лејкерси не им помогнаа ниту 29-те поени кои ги уфрли Лебон Џејмс.

https://youtu.be/hQW1jioFYTI

И Бостон Селтикс запишаа домашна победа над Сакраменто со резултат 126:120. Кингси имаа и +17 во втората четвртина, но Бостон на крајот стигна до победата. Во победничкиот тим се истакна Кајри Ирвинг кој запиша трипл-дабл со 31 поен, 10 скокови и 12 асистенции. Кај Кингси најефикасен беше Буди Хилд со 34 поени.

Треба да се истакнат одличните настапи на Богдановиќ (23 поени) и Сабонис (26 поени) во победата на Индијана над Оклахома со 108:106. Во редовите на Оклахома одличен натпревар одигра Пол Џорџ кој постигна 36 поени, додека Вестбрук запиша трипл-дабл со 19 поени, 14 скокови и 11 асистенции.

НБА резултати:

Индијана – Оклахома 108:106

Орландо – Кливленд 120:91

Бостон – Сакраменто 126:120

Торонто – Лејкерси 111:98

Јута – Минесота 120:100

Денвер – Далас 100:99

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …