Дома Останати Кошарка НБА Бакси го разбија Мајами, Орландо и понатаму победува, нов трипл-дабл на Јокиќ 🎥

Бакси го разбија Мајами, Орландо и понатаму победува, нов трипл-дабл на Јокиќ 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 10 натпревари, а секако вреди да се издвои новиот триумф на Орландо кој сега е една од двете непоразени екипи во НБА.

Орландо славеше како гостин пртив Оклахома со 118:107 и така дојде до 4:0 оваа сезона, покрај Аталанта тие се единствената екипа без пораз. Без поголеми проблеми Орландо стигна до победата. Никола Вучевиќ одигра одличен меч и натпреварот го заврши со 28 поени и 10 скокови. Гилгус-Александер на другата страна запиша 23 поени.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Њујорк Никси ја запреа серијата победи на Кливленд и на гости ги победија со резултат 95:86. Уште еден феноменален натпревар за тимот од Њујорк одигра Џулиус Рендл кој имаше трипл-дабл од 28 поени, 12 скокови и 11 асистенции. На другата страна Коли Секстон постигна 20 поени.

Милвоки Бакс во дербито на вечерта го разбија Мајами Хит со 144:97. Немоќен беше вицешампионот во овој меч, а Бакси до победата беа предводени од Крис Миделтон и Џру Холидеј кој имаа по 25 и 24 поени. Тајлер Херо на другата страна уфрли 23.

Никола Јокиќ и оваа вечер имаше трипл дабл со 26 поени, 11 скокови и 12 асистенции, но неговиот Денвер претрпе пораз од Сакраменто со 125:115.

НБА резултати:

Клвиленд – Њујорк 86:95

Детроит – Голден Стејт 106:116

Индијана – Бостон 111:116

Филаделфија- Торонто 100:93

Вашингтон – Чикаго 107:115

Мајами – Милвоки 97:144

Оклахома – Орландо 107:118

ЛА Клиперси – Минесота 124:101

Феникс – Њу Орлеанс 111:86

Сакраменто – Денвер 125:115

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона му прави услуга на Елмас?

Дани Олмо е блиску до враќање во Барселона, oбјави Мундо Депортиво во написот под наслов „…