Дома Фудбал Италија Бакајоко: Милан е клуб од друга димензија, сакам да останам!

Бакајоко: Милан е клуб од друга димензија, сакам да останам!

Тимуе Бакајоко ова лето пристигна во Милан на позајмица од Челзи и после првите неколку меча медиумите во Италија побрза да го прогласат за големо промашување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓутоа Французинот полека влезе во препознатливата форма и во моментов е незаменлив во тимот на „росонерите“ и е еден од најдобро оценетите играчи за врска во Серија А.

„Кога пристигнав сакав да го заслужам местото во голем клуб. Сега ми оди добро. Милан е клуб од друга димензија. Од првиот ден кога пристигнав се чувствува големината на овој клуб. Атмосферата на Сан Сиро е фантастична. Милан е митски клуб“, изјави Бакајоко.

„Росонерите“ имаат можност да го откупат на лето за 35 милиони евра, а Бакајоко нема дилеми каде сака да ја продолжи кариерата.

„Кој не би сакал да остане во Милан? Овде ми е фантастично, но имам договор со Челзи. Јас не одлучувам, но сакам да останам во Милан уште долги години“, јасен е Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бруно Фернандеш одговори остро на критиките на Рој Кин по подобрувањето на рекордот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, одговори прилично остро на легендата на …